Дома Фудбал Лев: Со Македонија и Исланд сигурно ќе играме во Германија

Лев: Со Македонија и Исланд сигурно ќе играме во Германија

Ситуацијата со коронавирусот и понатаму прави проблеми во европскиот фудбал, па така повеќе натпревари поради рестрикциите се играа на неутрални стадиони.

Се шпекулираше и дека можно е Македонија натпреварот со Германија кој се игра на крајот на овој месец да го игра на неутрален терен. Сепак, сега селекторот на Германија, Јоаким Лев порача дека нема намера тој и неговата селекција да патуваат и да играат во други држави.

„Како што кажав и претходно немаме намера натпреварите на националниот тим да играме во друга држава. Со Македонија и Исланд дефинитивно ќе играме на стадион во Германија. Не сакаме да ризикуваме ништо со патувања“, изјави Лев.

Засега планирано е натпреварот со Германците да го играме во Дуизбург. Македонија на Германија треба да и гостува на 31. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…