Дома Топ вести „Ел Класико“ за дефанзивец на Лајпциг

„Ел Класико“ за дефанзивец на Лајпциг

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона се силно заинтересирани за дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате, пренесува „АС“.

21-годишниот дефанзивец игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Зидан е во потрага по квалитетен дефанзивец за следната сезона и во Конате гледа идеален партнер за Варан, но и за Серхио Рамос.

Барселона пак оваа сезона има големи проблеми во одбраната и Конате е на врвот на листата желби.

Конате во договорот со Лајпциг има откупна клаузула од 45 милиони евра, но „АС“ верува дека двата клуба ќе се обидат преку преговори да ја намалат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…