Дома Фудбал Азар мора на операција, може да го пропушти и ЕП

Азар мора на операција, може да го пропушти и ЕП

Проблемите со повреди на Еден Азар после неговото доаѓање во Реал Мадрид, немаат крај.

Последната лоша вест од Мадрид пристигна вчера, кога стана јасно дека Белгиецот заработил нова повреда и ќе треба да паузира уште неколку недели.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Денес „Марка“ пренесува дека проблемот е многу посериозен, па Азар е мора да оди на операција, после која ќе биде надвор од терените цели 4 месеци.

За тоа настојува и раководството на Реал Мадрид, бидејќи во моментов играчот е далеку од очекуваната форма поради честите повреди.

Тој има болки во левиот глужд веќе подолго време што водат до промена на движењето, а тоа е причина за честите повреди.

Токму тој проблем со глуждот треба да се реши со операција, која ќе го извади од терените 4 месеци, а тоа значи дека најверојатно ќе го пропушти и Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Многу ми е жал за луѓето кои мораа да си тргнат од стадионот додека губевме 2:4

Во исклучително драматичен натпревар Јунајтед го исфрли Лион и помина во полуфиналето на Л…