Дома Македонски спорт Oфицијално: Гурбиндо е нов ракометар на Вардар!

Oфицијално: Гурбиндо е нов ракометар на Вардар!

Tимот на Вардар го потврди големото засилување – во Скопје пристигнува Едуардо Гурбиндо!

Големото засилување Вардар го потврди утрово.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Десниот бек на шпанската репрезентација и член на француски Нант, Едуардо Гурбиндо (33) е нов играч на Вардар1961. Двојниот европски првак и повеќекратен македонски шампион договори засилување што ќе му се приклучи на тимот од летово и треба да остане во Скопје во следните три сезони. Гурбиндо доаѓа од екипата на Нант, Франција со која настапува во Лигата на шампионите.

Шпанскиот бек зад себе има богата спортска кариера и ја има освоено и Лигата на шампионите, со тимот на Барселона во сезоната 2014/2015. Тоа беше последен пат кога Шпанците беа победници во ова натпреварување.Како играч на Нант настапи и во финалето на Ф4 турнирот во ЛШ во сезоната 2017/2018 кога во француското финале Нант сепак остана со сребрен медал.

Пред преселба во Вардар е и македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски – повеќе за ова тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…