Дома Македонски спорт Сејдини: На Пандев местото му е на терен, нека дава се од себе како и до сега

Сејдини: На Пандев местото му е на терен, нека дава се од себе како и до сега

Неколку дена по силните критики на капитенот Горан Пандев на неговите зборови реагираше и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Во интервју за „Сител“ Сејдини зборуваше на неколку теми, а една од нив беше Горан Пандев и критиките кои ги упати капитенот пред одржувањето на собранието на кое тој беше реизбран и доби нов мандат.

„Не би сакал да реагирам на фудбалер, никогаш не го правам тоа. Јас ги ценам сите фудбалери, го ценам и господинот Горан Пандев. Тој е еден добар фудбалер и местото се уште му е на терен, да дава се од себе, како што го правеше тоа и до сега, никогаш не се штедел кога доаѓал да игра за репрезентацијата и сигурно и во иднина ќе го прави истотот за македонскиот дрес. Нека не радува, не само нас како фудбалска федерација, туку и целата јавност во нашата држава“, изјави Сејдини.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

По селекцијата во Битола, младите џудисти одат по балкански медали во Сараево

Македонската селекција до 12 години ќе се натпреварува на Балканското првенство на 24 и 25…