Вчера во супер драматична завршница Португалија ја победи Франција и се пласираше на Олимписките игри во Токио.
Голот во последните моменти од натпреварот беше дело на Руи Силва. Португалскиот национален тим овој триумф го посвети на Алфредо Кинтана кој неодамна почина од срцев удар. Силва беше посебно погоден од трагедијата па на својата рака го истетовира ликот на неговиот голем пријател.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Трчаше со мене, шутираше со мене и постигна гол за мене. Одиме во Токио заедно и ќе продолжиме да пишуваме историја. Денес и секогаш ќе биде за тебе“, напиша Силва на неговиот Инстаграм профил поставувајќи фотографија од тетоважата.