Дома Фудбал Останато Роналдо се огласи со моќна порака: Вистинските шампиони никој не може да ги скрши!

Роналдо се огласи со моќна порака: Вистинските шампиони никој не може да ги скрши!

Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо  се огласи на социјалните мрежи по елиминацијата од Лига на шампиони.

По натпреварот против Порто, Роналдо беше критикуван од страна на медиумите и италијанската јавност, а се засилија и шпекулациите за негово заминување од Јувентус.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Не е важно колку пати ќе паднете во животот, поважно е колку брзо ќе станете и колку силни ќе бидете… Вистинските шампиони никој не може да ги скрши! Нашиот фокус веќе е кон Каљари и битката во Серија А, кон финалето од Купт на Италија и успехот што можеме да го забележиме оваа сезона“.

„Вистина е дека минатото е за во музеј, но за среќа, фудбалот има меморија… исто и јас! Историјата не може да биде избришана, секој ден се испишува со издржливост, тимски дух, упорност и многу работа. И оние кои не го разбираат ова, никогаш нема да стекнат слава и успех“, напиша Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Избрани најдобрите во Серија А за изминатиот месец

Фудбалерот на Наполи, Грузиецот, Квича Кварацхелија е прогласен за најдобар фудбалер во ит…