Дома Топ вести ПСЖ го потврди интересот за Меси и Роналдо

ПСЖ го потврди интересот за Меси и Роналдо

Иднината на Лионел Меси и Кристиано Роналдо е глава тема во спортските медиуми, а најсилен интерес за двете ѕвезди покажува Пари Сент Жермен.

Веднаш откако се појави информацијата дека Кристиано Роналдо може да го напушти Јувентус, се огласи и спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо кој не исклучи можноста за ангажман на Португалецот.

„ПСЖ секогаш ги следи сите најдобри играчи, и добро е што тие се поврзуваат со трансфер во ПСЖ. Можеме да зборуваме за најдобрите играчи кои сакаме да дојдат, но тоа зависи од многу работи дали ќе се оствари. Како и да е во моментов не сме во преговори со Меси и Роналдо“, истакна Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…