Дома Топ вести Меси од лето во Реал? Рамос со одговорот ја “запали“ Шпанија

Меси од лето во Реал? Рамос со одговорот ја “запали“ Шпанија

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос зборуваше за можноста да заигра заедно со Лео Меси.

Договорот на Рамос со Реал истекува летоска, а исто така и на Меси со Барселона. Двајцата можат да ги напуштат своите тимови, а Рамос беше запрашан дали постои можност да бидат во ист тим следната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако Меси се согласи да дојде во Реал Мадрид ќе му понудам сместување во мојата куќа барем неколку недели додека не се снајде. Може да се смести во мојот дом и ќе бидам среќен домакин.“ – рече Рамос.

„Ние во Мадрид бевме принудени да го гледаме Меси во најдобрите изданија во дрес на друг клуб, а ако дојде кај нас сигурно ќе имаме повеќе шанси да победуваме и да освојуваме трофеи. Ќе биде глупо да кажам дека не би сакал Меси да дојде во Реал.“ – додаде Шпанецот.

Што се однесува до Рамос, тој во ниту еден момент нема да премине во Барселона.

„Апсолутно не постои шанса да одам во Барселона, иако ми се допаѓа новиот претседател Лапорта, со кој се познаваме. Но, тоа е исто како што е нереално да очекувате Чави, Пујол или Меси да дојдат во Реал. Постојат работи кои парите не можат да ги купат.“ – додаде капитенот на Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…