Дома Фудбал Лапорта ги расипува плановите на Хасан Салихамиџиќ

Лапорта ги расипува плановите на Хасан Салихамиџиќ

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ има своја желба кога е во прашање наследникот на Флик, но истата желба ја има и Хуал Лапорта.

Откако Јоаким Лев ќе ја напушти клупата на германската репрезентација, Ханси Флик, неговиот помошник од периодот кога Германија во 2014. беше светски првак, се смета за прв фаворит на таа позиција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот фудбалски сојуз нема намера да контактира тренери кои се под договори со клубови, а Флик е со договор во Баерн до летото 2023. година. Меѓутоа, Билд тврди дека постои недоразбирање помеѓу Флик и Хасан и дека сега желба на Салихамиџиќ е Нагелсман.

Талентираниот тренер на Лајпциг докажа дека е перспективен тренер, а Баерн не е единствениот кој се интересира за негов ангажман.

Наводно, новиот претседател на Барселона, Хуан Лапорта исто така е подготвен да го донесе Нагелсман во замена за Роналд Куман, кој тешко дека ќе остане после оваа сезона во која Барса ги загуби скоро сите трофеи.

Лапорта го почитува Куман, но смета дека за неговиот проект е потребен тренер како 33-годишниот Германец, кој пред Лајпциг го предводеше Хофенхајм.

Останува да видиме кој од европските великани на крајот ќе го обезбедат потписот на Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…