Дома Топ вести Челзи и Баерн Минхен спремаат спектакуларна трампа

Челзи и Баерн Минхен спремаат спектакуларна трампа

Веста дека Квинсли Коман ја одби понудата на Баерн Минхен за продолжување на договорот, веднаш го приклучи „алармот“ кај европските гиганти.

Освен Манчестер Јунајтед, кој покажува најсериозен интерес за Французинот, сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Челзи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека Томас Тухел е голем симпатизер на играта на Коман и сака да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.

Тухел во него гледа идеална замена за Пулишиќ, кој најверојатно ќе си замине од „Стенфорд Бриџ“ на крајот на сезоната, бидејќи не е задоволен со статусот на резерва.

Не е исклучено Баварците да се согласат на трампа, па за возврат на Конам да го добијат потписот на Пулишиќ, кој има големо искуство во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…