Дома Фудбал Англија Бруно Фернандеш: Манчестер Јунајтед и Милан се исти клубови

Бруно Фернандеш: Манчестер Јунајтед и Милан се исти клубови

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш даде интервју за „Газета дело Спорт“ во кое зборуваше за дуелот против Милан.

Португалецот, кој има искуство во Серија А, трди дека Манчестер Јунајтед и Милан се исти во многу аспекти.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Во многу аспекти Манчестер Јунајтед и Милан се исти. Двата клуба имаат престижна историја и многу трофеи во Лигата на шампиони. Тие се наоѓаат во преоден период, но се на добар пат да се вратат на врвот. На почетокот на сезоната никој не претпоставуваше дека Милан ќе се бори за Скудетото. Сега е март и Милан е втор на табелата, слично како и ние“, изјави Фернандеш.

Португалецот потоа ја кажа разликата помеѓу Серија А и Премиер лигата.

„Во Италија, јас не се адаптирав бидејќи улогата на офанзивниот фудбалер од средниот ред не е лесна во вашиот фудбал. Приказната со Пауло Дибала е слична, сите очекуваат нешто специјално од него на теренот. Најголемата разлика помеѓу исталијанскиот и англискиот фудбал е интензитетот, огромен е интензитетот во Премиерлигата, се бара многу поголемо темпо, помалите екипи имаат огромен квалитет во своите состави, а во Италија пак, тактиките се како универзитет за спорт“, изјави Бруно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фотографии од Модриќ по мечот со ПСЖ кои нема да ги остават рамнодушни навивачите на Реал Мадрид

ПСЖ синоќа го декласираше Реал Мадрид со 4:0 во полуфиналето од Светското клупско првенств…