Дома Фудбал Казната потврдена: Робињо мора да оди во затвор

Казната потврдена: Робињо мора да оди во затвор

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Милан, Робињо е осуден на деветгодишна затворска казна.

Апелациониот суд во Италија ја одби неговата жалба и тој ќе мора да оди во затвор, откако беше обвинет за сил*вање на девојка од Албанија.

Робињо беше прогласен за виновен во случајот на 22-годишната Албанка, кој се случи на 22 јануари 2013 година во Милано, кога настапуваше за „росонерите“.

Ваквиот проблем со законот му го скрати правото на Робињо да направи трансфер во таборот на Сантош кој го промовираше како нов играч на клубот, меѓутоа набргу потоа му го раскина договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почетино ќе бара засилувања од Челси? Три имиња во фокусот на Јунајтед

Поранешниот главен скаут на Јунајтед, Мик Браун, смета дека Почетино би можел во јануари д…