Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Македонија против Германија ќе игра во Дуисбург

Официјално: Македонија против Германија ќе игра во Дуисбург

Македонската фудбалска репрезентација и гостува на Германија во рамките на квалификациите за Светското првенство на 31-ви март.

Поради здравствените мерки од германската влада, постоеше можност за одигрување на натпреварот во Букурешт или Будимпешта, меѓутоа мечот сепак ќе се игра во Германија.

Денес пристигна официјално известување од Германската фудбалска федерација дека натпреварот ќе се игра на „МСВ Арената“ во Дуисбург.

Македонија првиот натпревар од квалификациите за СП ќе го одигра на гости кај Романија (25 март), а потоа против Лихтенштајн во Скопје (28 март).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските младинки со 20 фудбалерки ќе бркаат враќање во Лига А

Кирил Изов го избра составот за квалификацискиот турнир во Стара Пазова. Македонија ќе се …