Дома Топ вести Мбапе ја забавува одлуката за својата иднина

Мбапе ја забавува одлуката за својата иднина

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе не брза да даде одговор на прашањето дали ќе потпише нов договор со клубот, пренесува „Екип“.

Спортскиот директор Леонардо пред две седмици изјави дека очекува наскоро „сапуницата“ околу Мбапе да заврши, но нема најава за такво нешто.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


ПСЖ сака да биде јасна иднината на Мбапе што е можно побрзо и да стави потпис на нов договор. Французинот има договор со „светците“ до 2022 година, па ако не го продолжи договорот, најверојатно ќе биде продаден на лето.

Килијан бара плата од 700.000 евра неделно или 36 милиони евра по сезона. Реал Мадрид внимателно ја следи разврската на преговорите и е спремен да испрати понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…