Франко Акоста, поранешен млад фудбалски репрезентативец на Уругвај, кој исчезна во саботата, денес е пронаден мртов.
Поранешниот напаѓач на Виљреал беше пронајден мртов по тридневно пребарување. Акоста исчезна во саботата, кога отишол на река на југот на Уругвај да вози кајак.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Локалните власти потврдија дека тој се обидел да ја премине реката и дека водата го повлека, па што се удавил.
Младиот 25-годишен фудбалер бил во друштво на својот брат кој го пријавил немилиот настан, а денес беше пронајдено безживотното тело.
Franco Acosta está desaparecido hace varias horas en el Arroyo Pando. Prefectura lo busca. Ojalá sea una simple anécdota y lo encuentren sano y salvo. 🙏🏼 pic.twitter.com/NvrucMyaFk
— Nico Musetti (@nicomusetti) March 6, 2021