Иднината на Џанлуиџи Донарума е главна тема на Апенините, бидејќи неговиот договор со Милан истекува на крајот на сезоната.
Милан веќе подолго време е во преговори со неговиот менаџер Мино Раиола и се обидува со сите сили да го задржи Донарума на „Сан Сиро“.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Ситуацијата будно ја следи ПСЖ, кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на голманот и да му даде годишна плата од 10 милиони евра.
ПСЖ сака да донесе нов квалитетен голман, на кој ќе се потпира во следните години, бидејќи Кејлор Навас наскоро ќе наполни 35 години.
Спортскиот директор Леонардо одлично го познава Донарума и сака да ја искористи ситуацијата да го донесе во Париз без обештетување