Перо Антиќ односво ќе го облече црвено-жолтиот дрес, но само под услов Македонија да настапи во квалификациите за СП.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Некогашниот капитен на македонската селекција потврди дека ќе се врати во репрезентацијата. Тој нема да биде на располагање на натпреварите против Косово и Естонија во рамки на претквалификациите, но ќе биде дел од составот за квалификациите.
„Дадениот збор не го погазувам. Пристигнав на покана на Јорданчо Давитков кого го почитувам, но исто и од почит кон директорот на репрезентацијата, Тодор Гечевски, се разбира и играчите. Подадовме рака, ако играме во квалификациите, тука сум заедно со селекцијата“, истакна Антиќ во интервју за Дојче Веле.