Легендарниот капитен на Вест Хем, Марк Нобл се договори со матичниот клуб за продолжување на соработката на уште една година, пренесуваат англиските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ова значи дека Нобл својата кариера цела ќе ја помине во источен Лондон. Во Вест Хем пристигна како 13 годишник од Арсенал и за првиот тим дебитираше во сезоната 2004/2005 кога овој тим играше во Чемпионшип.
Кратко беше на позајмици во Хал и Ипсвич, а за Вест Хем собра неверојатни 520 натпревари на кои постигна 60 голови.
Oваа сезона не е толку стандарден на теренот, но во клубот сакаат да го задржат поради влијанието кое го има како капитен во соблекувалната.
Нобл и самиот призна дека оправдано седи на клупа бидејќи пред него има многу помлади играчи кои заслужуваат да играат повеќе.