Дома Топ вести Барселона доби нов претседател: Лапорта убедливо стигна до победата

Барселона доби нов претседател: Лапорта убедливо стигна до победата

Жоан Лапорта победи на изборите за претседател на Барселона!

Барселона неколку месеци беше без претседател откако Бартомеу си поднесе оставка. Поради пандемијата изборите место на 24. јануари се одржаа вчера на 7. март.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на каталонскиот клуб можеа да бираат помеѓу тројца кандидати: Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фреиша, а на крајот убедливо победи Лапорта кој освои дури 58% од гласовите. Откако стана јасно дека Лапорта ќе биде победникот, Фонт и Фреиша дојдоа и му честитаа на победата.

Лапорта така се врати на функцијата претседател Барселона која со многу успех ја извршуваше од 2003 до 2010 година. Тогаш направи ремонт во клубот и Барселона имаше фантастични резултати. Додека тој беше претседател на Барселона клубот освои 12 титули, четири во Ла Лига, две во Лигата на шампионите, три Суперкупа на Шпанија, кралски куп, УЕФА Суперкуп и ФИФА Светско клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…