Дома Фудбал Останато Зидан и Бензема во „пакет“ се враќаат во француската репрезентација

Зидан и Бензема во „пакет“ се враќаат во француската репрезентација

Зинедин Зидан призна дека сака еден ден да ја предводи репрезентацијата на Франција.

Зидан се промовораше во најуспешниот тренер во историјата на Реал Мадрид, но многумина сметаат дека наскоро ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“ бидејќи му е потребан нов предизвик.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дидие Дешам имаше одлични резултати со „триколорите“, но се појавија шпекулации дека тој би можел да замине од селекторската позиција по Европското првенство, кое ќе се одржи летово.

Француските медиуми пишуваат дека Зидан е фаворит за селекторската позиција, но многумина се плашат поради тоа затоа што Французинот планира да го врати Карим Бензема во нападот на „триколорите“.

Бензема веќе со години не игра за Франција поради скандалот со уцени на неговиот соиграч, но враќањето на Зидан во репрезентацијата би можела да го промени тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…