Дома Топ вести Реал донесе одлука за иднината на Азар

Реал донесе одлука за иднината на Азар

Раководството на Реал Мадрид донесе одлука за иднината на Еден Азар, кој има големи проблеми со повредите.

Белгиецот од доаѓањето од Челзи има проблеми и не се покажа како големо засилување за „кралевите“, иако тие очекуваа многу од него.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Сепак, Реал нема да се откаже лесно од него. Шпански „АС“ објави дека „кралевите“ ќе го задржат Азар и следната сезона и тоа ќе му биде последна шанса.

Ако не успее да фати ритам, тогаш Азар ќе биде продаден на две години пред да му заврши договорот со актуелниот шпански шампион.

Азар за две сезони одигра само 35 меча за Реал и притоа постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

40-годишниот Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации, откако во полуфинал…