Ливерпул е се подалеку од ЛШ, а најдобрите играчи на Црвените веќе некое време не се во најдобра форма.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англискиот првак изгуби од Челси пред неколку дена, а Мајкл Овен смета дека Садио Мане во една ситуација намерно не сакаше да избори пенал за својот тим.
Овен смета дека тоа не го направил бидејќи знае дека ќе го шутира Салах кој е на пат повторно да стане најдобар стрелец во ПЛ.
„Не сакам да бидам адвокат, но норално е напаѓачите да паднат во такви ситуации. Само се прашувам што мислише. ‘Ќе продолжам, бидејќи ако останам на нозе Салах ќе добие уште еден пенал.’“, – смета Овен.
„Можеби грешам, но очигледно е дека не си ја додаваат топката еден на друг кога едниот е позициониран подобро од другиот.“
Салах моментално е најдобар стрелец во ПЛ со 17 постигнати погодоци, додека Мане постигна само седум.