Дома Фудбал Робертсон: Не можеме да се потпираме на минатото

Робертсон: Не можеме да се потпираме на минатото

Левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон смета дека во моментов тимот е далеку од тоа како треба да изледа еден тим на Ливерпул.

Робертсон ги повика соиграчите да заборават за тоа што се случуваше минатата сезона и да покажат вистинска реакција.

„Минатата сезона заврши, готово. Не можеме да се потпираме на минатото. Не сме ни блиску до тоа како треба да изгледа еден тим на Ливерпул.  Ние постојано испуштаме бодови и ова не е доволно добро“, истакна Робертсон.

„Ништо во моментов не е добро затоа што веќе почнуваат да се намалуваат и натпреварите и ние имаме се помали шанси да го постигнеме тоа што го сакаме. Луѓето мислат дека сме паднати, но ние мора да ги добиеме резултатите за да им кажеме дека не сме, но во моментов не го правиме тоа“, додаде бекот на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга пак го совлада Вардар, Шкемби доби силен поттик пред Шкендија

Голот на Радески ѝ донесе на Струга победа од 1-0 кај Вардар. Бледи Шкемби го нагласи знач…