Барселона после продолженијата ја совлада Севиља со 3:0 и се пласира во финалето на Кралскиот Куп.
Каталонците во одличен натпревар го постигнаа вториот погодок во финишот на натпреварот, а потоа во продолженијата постигнаа и трет за пласман во финалето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот легендата на Барса, Карлес Пујол на Твитер реагираше на објавата на играчот на Севиља, Сусо од 11. февруари.
😭😭😭😭😭😭😭😭😭😭 https://t.co/3gg3A2T5vp
— SusoFernandez (@suso30oficial) February 10, 2021
Играчот на тимот од Андалузија тогаш го провоцираше младиот Педри кој сметаше дека имало пенал во дуелот помеѓу Сусо и Алба.
Пујол му го сподели статусот и само напиша „Добра ноќ“.
Buenas noches! 💙❤️ https://t.co/p08xfVWMiz
— Carles Puyol (@Carles5puyol) March 3, 2021
Потоа даде коментар зошто тоа го направил:
„Мора да ги почитувате колегите и да знаете да поднесете пораз. Педри не го заслужи тоа што тој го направи. Во фудбалот се’ се враќа.“ – порача Пујол.