Дома Фудбал Англија Солскјер: Ги следиме најдобрите играчи, но треба да внимаваме како трошиме пари

Солскјер: Ги следиме најдобрите играчи, но треба да внимаваме како трошиме пари

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер ги коментираше претстојните трансфери на клубот кои сигурно ќе бидат кондиционирани од финансиската криза која ја предизвика пандемијата.

Солскјер потврди дека Јунајтед секогаш е заинтересиран за најдобрите фудбалери, но во вакви услови треба да се внимава како ќе се потрошат парите.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ние секогаш ги следиме и ги бараме најдобрите фудбалери. Секогаш сакаме да го подобриме тимот. Меѓутоа, треба да сме многу внимателни и да гледаме повеќе аспекти. Треба да ги гледаме и работите надвор од теренот. Правиме реконструкција на базата, на стадионот, мораме да ја гледаме целата слика и да трошиме внимателно“, истакна Солскјер.

„Сметам дека се помалку големи трансфери ќе гледаме поради пандемијата. Треба да гледаме различни начини за подобрување на тимот, како играчи од академијата. Сите клубови ќе ја применуваат таа ситуација“, додаде Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Синот на Карло Анчелоти седна на клупата на тимот кој го шокираше ПСЖ!

Карло Анчелоти неодамна го презеде водството на репрезентацијата на Бразил, а неговиот син…