Дома Македонски спорт Мак баскет Гечевски: Се уште немаме дефинитивен став дали Тодоров ќе остане селектор

Гечевски: Се уште немаме дефинитивен став дали Тодоров ќе остане селектор

Денес прес-конференција во „СЦ Борис Трајковски“ одржаа селекторот Тодоров и раководството на федерација.

Тодор Гечевски посочи дека се уште иднината на селекторот Тодоров не е сигурна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Договорот на Тодоров беше врзан со пласман на Европското првенство, на кое за жал не се пласиравме. Сепак, го чекаме извештајот од селекторот кој треба да стигне наскоро. Потоа ќе има состанок на раководството и заедно ќе одлучиме дали договорот ќе биде продолжен“, изјави Гечевски.

Се шпекулираше и за можна оставка на претседателот Перо Антиќ меѓутоа тој јасно кажа дека тоа нема да се случи.

„Ние како федерација ги овозможивме сите услови, направивме се што е во нашите можности. Останатото е на играчите и селекторот, не можеме ние да влеземе и да играме на терен“, порача Антиќ,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…