Дома Топ вести Ливерпул спрема „бомбастичен“ трансфер

Ливерпул спрема „бомбастичен“ трансфер

Како што пренесуваат англиските медиуми, Ванијалдум на лето ќе го напушти Ливерпул, а веќе се најавува кој би можел да го замени.

Најголема желба на Клоп и раководството е капитенот на Астон Вила и репрезентативец на Англија, Џек Грилиш. Се работи за играч кој може да игра на сите позиции во средниот ред и кој идеално би се вклопил во играта на „црвените“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


25-годишниоит Англичанец е мета на клубовите од Манчестер веќе подолго време, но Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Енфилд“.

Ливерпул за неговиот потпис ќе треба добро да го одврзе паричникот, бидејќи Астон Вила нема да го пушти својот капитен за помалку од 80 милиони евра.

Самиот Грилиш е спремен за чекор напред во кариерата и сака да се пресели во клуб кој ќе се бори за титулата следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…