Дома Фудбал Италија Де Лаурентис бара да се одложи натпреварот Јувентус – Наполи

Де Лаурентис бара да се одложи натпреварот Јувентус – Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис сака да се одложи дербито кое е закажано за 17. март.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Натпреварот прво требаше да се одигра на 4. октомври, но ситуацијата со коронавирусот не дозволи Наполи да отпатува во Торино. Тогаш натпреварот беше регистриран со 3:0 за Јуве, на гостите и беше одземен еден бод, но потоа таа одлука беше поништена.

Де Лаурентис не е задоволен со одлуката тој двобој да се одигра на 17 март бидејќи Наполи од 14. до 21. март мора да одигра уште два тешки натпревари против Милан и Рома.

Наполи се бори за четвртото место и пласман во ЛШ, а трите натпревари за седум дена ќе бидат тешка задача за тимот на Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во последното коло од Премиер лигата можно е и едно неверојатно сценарио!

Eкипата на Борнмут одигра нерешено на домашниот терен против Манчестер Сити. Зошто проблем…