Дома Фудбал Италија Готово: Донарума останува во Милан – еве ги сите детали!

Готово: Донарума останува во Милан – еве ги сите детали!

Сагата околку најталентираниот голаман на светот, Џанлуиџи Донарума конечно заврши. Џиџо останува во Милан и ќе потпише договор до 2021 година.

Синоќа на состанок на кој присуствуваа неговиот агент Мино Раиола, неговиот татко Алфонсо и директорите на Милан конечно беа договорени сите детали од новиот договор.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Донарума ќе се обврзе на верност кон „росонерите“ до 2021 година и ќе заработува 6 милиони евра по сезона, а во Милан ќе пристигне и неговиот брат Антонио кој ќе биде резервен голман и ќе заработува 1 милион евра по сезона.

Најголем проблем во преговорите беше откупната клаузула на која инсистираше Мино Раиола. Тој бараше во договорот да има клаузула со која Донарума ќе може да си замине за 50 милиони евра доколку Милан не успее да се пласира во Лигата на шампиони.

Клубот се противеше, па двете страни најдоа заеднички јазик и во новиот договор ќе стои откупна клаузула од 80 милиони евра.

Сега се очекува братот на Донарума да ги помине лекарските прегледи и во наредните денови ќе биде ставен потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бруно Фернандеш: Сакам да останам во Јунајтед, но…

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, изрази желба да остане на „ОлдТрафорд“, …