Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш пред една година пристигна на „Олд Трафорд“ и го „препороди“ Манчестер Јунајтед.
Португалецот игра фантастично и оваа сезона веќе има постигнато 15 гола и 10 асистенции, па јасно е дека е најважниот играч на Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, она што паѓа во очи е што Фернандеш постигна само еден гол во седум натпревари против најдобрите шест клуба во Премиер лигата.
И тоа тој гол дојде од пенал во катастрофалниот пораз од Тотенхем 1:6 на „Олд Трафорд“.
Два пати против Челзи и Арсенал, како и по еднаш против Сити и Ливерпул Бруно не постигна гол.
Интересно е што на овие натпревари „црвените ѓаволи“ не постигнаа гол и загубија против Арсенал, а одиграа дири пет пати 0:0.
Bruno Fernandes has just one goal (a penalty) and no assists in seven games against 'the big six' in the Premier League in 2020-21 🤷♂️ pic.twitter.com/AG5HPDZ9ZA
— Goal (@goal) March 1, 2021