УЕФА денес реши да ги промени домаќинствата за мечот помеѓу Тотенхем и Динамо Загреб во 1/8 финалето од Лига Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според првичниот план првиот меч требаше да се игра во Загреб, но сега дојде до промена, па мечот на 11-ти март ќе се игра во Лондон, а Динамо ќе биде домаќин во реваншот на 18 март.
Причината за тоа е што УЕФА не сака два тима од ист град да бидат домаќини во ист ден. Арсенал ќе го пречека Олимпијакос на 18-ти март на „Емирати“, па поради тоа беше преместен натпреварот на Тотенхем.