Дома Фудбал „Несторовски е голем професионалец, го заслужи голот“

„Несторовски е голем професионалец, го заслужи голот“

Илија Несторовски вчера беше стрелец на единствениот гол во натпреварот помѓу Удинезе и Фиорентина.

Пред крајот на натпреварот Несторовски со глава по едно нафрлување ја смести топката во мрежата на Фиорентина и донесе важни три бода за својот тим. После натпреварот тренерот на Удинезе, Лука Готи имаше пофални зборови за Нестор.

„Несторовски добива малку шанса, но тренира со голем ентузијазам. Тренира како да е млад играч, а не играч кој има над 30 години. Го заслужи овој гол, навистина е голем професионалец“, изјави Готи.
За Несторовски ова беше втор гол сезонава во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус ќе чека подолго? Јилдиз би можел да заигра дури во 2027 година

Закрепнувањето на Кенан Јилдиз оди побавно од планираното, а според „Ла Стампа“, неговиот …