Интер денес победи, но клубот би можел да се најде во сериозни проблеми.
Познатата кинеска компанија „Сунинг“ и официјално го напушти Џангсу поради финансиксата криза. Клубот излезе со соопштение во кое ја потврди таквата одлука. Сега фудбалската јавност со право се прашува – што ќе биде со Интер?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Комапанија „Сунинг“ во своја сопственост го има и Интер и веќе некое време се пишува за финансиските проблеми кои со овој банкрот на Џангсу се потврдени.
Како што пренесуваат италијанските медиуми оваа недела истекува рокот за доставување на потребната документација за Џангсу да може да ја брани круната, но „Сунинг“ одлучи да се повлече бидејќи не беа во можност да го одржуваат клубот уште една сезона.
На Интер му оди одлично во Серија А, а сега ќе видиме дали клубот може да се најде во проблеми.