Како што пренесува италијанскиот новинар, Џанлука Ди Марсио, понудата на „Старата дама“ е одбиена, но се верува дека преговорите со Фиорентина ќе се продолжат.
Јувентус е подготвен да го продаде Хуан Квадрадо, заинтересирани страни има, а би можеле со трансфер на Колумбиецот да заработат и 10 милиони евра, неодамна Челси понуди 20, а пак, Арсенал и ПСЖ се подготвени да платат и до 30 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тие планираат тие пари да ги инвестираат во еден од најперспективните италијански фудбалери, Федерико Бернардески од Фиорентина. Фантастичниот фудбалер е на радарот на Јувентус веќе некое време, а сега изгледа претставниците на шампионот тргнале во акција.
Тие ги започнаа преговорите со челниците на Фиорентина, на што е ставена понуда тешка 42 милиони евра, односно 40 милиони плус дополнителни бонуси.
Екипата од Фиренца посакува 40 милиони за својот играч, но плус 10 милиони евра за бонуси. Останува да се види дали Јувентус ќе ги прифати ваквите услови.