Дома Фудбал Италија Пирло го нападна новинарот на Скај Спорт: А прво да го погледнеш натпреварот?

Пирло го нападна новинарот на Скај Спорт: А прво да го погледнеш натпреварот?

Андреа Пирло не беше задоволен од ремито во Верона (1:1), а после натпреварот имаше вербален дуел со новинарот на Скај Спорт.

Кристијано Роналдо на почетокот од вториот дел донесе водство за гостите од Торино, но Верона се спаси од пораз со голот на Барак.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Новинарот на Скај Спорт го праша Пирло за некои тактички работи и му сугерираше дека некои играчи ги користел на погрешни позиции.

„Бевме во извонредна ситуација, ако ги погледнете отсутните. Сандро веќе го прилагодив за стопер и не можевме да измислиме повеќе од тоа.“

Потоа Пирло зборуваше за одбраната со Драгусин, кој според тврдењето на новинарот играл на позицијата бек, а Пирло смета дека неговата улога била исклучиво на позицијата централен дефанзивец.

„Драгусин не е бек и никогаш не играл како бек, тој е трет стопер. Пред коментарот требаше да погледнете некои натпревари.“ – додаде Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…