Манчестер Јунајтед и Милан ќе го играат големото дерби во осминафиналето на Лига Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли им ја препушти фаворитската улога на „црвените ѓаволи“.
„За нас овој дуел е додатна мотивација. Ќе играме против најголемиот фаворит во турнирот. Меѓутоа, Јунајтед е противник кој донел славна историја за нашиот клуб. Ќе биде возбудливо“, изјави Пиоли.
„Наша традиција е да добиваме тешки противници во ждребот. Дуелот со Милан е на нивото на Лигата на шампиони. Импресиониран сум од Ибрахимовиќ. Милан е еден од најголемите клубови во светот со голема традиција“, изјави Солскјер.