Tиери Анри од денес повеќе не е тренер на екипата која се натпреварува во МЛС лигата, Монтрееал.
Причината не се резултатите, туку неговата желба да биде со децата. Пандемијата му е најголем проблем поради честите патувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со тешко срце ја донесов оваа одлука. Минатата година беше тешка за мене. Поради пандемијата не можев да се гледам со своите деца. За жал поради новите рестрикции и фактот што ќе мораме да се лоцираме во САД и сега ќе биде исто. Тоа би било премногу и за мене и за децата“, изјави Анри.
Тој ќе се врати на неговиот живот во Лондон.
„Морам да го напуштам Монтреал. Сакам да им се заблагодарам на навивачите, играчите и луѓето во клубот“, изјави Анри.
Пред неколку дена во медиумите се појави шпекулација дека Анри може да седне на клупата на Бурнемоут.