Дома Фудбал Лига на шампиони Гасперини до судијата: Ако не знаеш разлика меѓу дуел и прекршок работи нешто друго!

Гасперини до судијата: Ако не знаеш разлика меѓу дуел и прекршок работи нешто друго!

Реал Мадрид вчера во Бергамо ја совлада Аталанта со 1:0 во нивниот прв натпревар во осминафиналето.

Ферланд Менди во финишот од натпреварот постигна гол за победа за Аталанта, но домаќините 75 минути играа со играч помалку откако беше исклучен Фраулер. Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини смета дека судијата Тобијас Стиелер е заслужен за победата на Реал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Поинаку ќе беше ако се играше 11 на 11. После исклучувањето добро се браневме и малку фалеше да извлечеме нерешено. Натпреварот беше упропастен. Минатата сезона после хаосот беше решено играњето со рака, а сега како да има обид да се спречи било каков контакт во фудбалот“.

„Суспендиран сум во Серија А затоа што многу зборев, УЕФА ќе ме суспендира на два месеци ако истото го кажам, но…Не можеме да имаме судии кои никогаш во животот не играле фудбал и не знаат разлика меѓу дуел и прекршок. Ако не е ја знаеш разликата оди работи нешто друго. Подобро им е да ангажираат судии кои играле фудбал. Имаат се за работата да им биде олесната, а грешат и со гледање на симки. Чекаш толку долго ваков натпревар и тие го упропастуваат. Можеби секако ќе изгубевме, но нека ни дозволат да ја играме нашата игра“, порача Гасперини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…