Дома Фудбал Англија „Билд“: Клоп го напушта Ливерпул следното лето

„Билд“: Клоп го напушта Ливерпул следното лето

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп може да го напушти Ливерпул следнато лето во 2022 година и да седне на кормилото на националниот тим.

Оваа вест денес ја објави еминентниот германски весник „Билд“, кој секогаш е добро информиран и не се занимава со шпекулации.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И покрај проблемите со тимот и слабите резултати во последните месеци, Клоп изјави дека нема намера да си замине од „Енфилд“.

Меѓутоа, тоа не им смета на германските медиуми упорно да го поврзуваат 53-годишниот стратег со селекторското место.

Клоп има договор со Ливерпул до 2024 година, но „Билд“ тврди дека големи се шансите да го замени Јоаким Лев после Светското првенство во Катар во 2022 година.

Весникот тврди дека намерите на Клоп се јасни и дека негова голема желба е да се врати во Германија и да го води националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…