Дома Фудбал Денес е играч на Реал Мадрид, а како дете можел да остане без една нога

Денес е играч на Реал Мадрид, а како дете можел да остане без една нога

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферлан Менди во интервју за „АС“ раскажа дека како дете му се заканувала ампутација на ногата и дека таа ситуација го изградила во цврста личност каква што е денес.

Менди е благодарен на Бог што денес игра фудбал и што е дел од еден од најголемите клубови во светот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Започнав во ПСЖ, во тимот до 11 години, но пред да дојдам во академијата претрпев сериозна повреда. Беше потребна операција после која многу време поминав во болница. Еден ден дојде докторот и ми кажа дека повеќе никогаш нема да играм фудбал и дека можеби ќе треба да ми ја ампутираат ногата. За среќа ништо од тоа не се случи. Поминав многу време во инвалидска количка, а потоа полека научив повторно да одам на штаки. Повеќе луѓе мислеа дека нема да се вратам на фудбалот. Играв со болки повеќе од една година, но успеав се да надминам и да станам ова што сум денес“, раскажа Менди.

Го прокоментира потоа утрешниот натпревар на Реал Мадрид против Аталанта.

„Ги видов како играат, постигнуваат многу голови посебно дома. Знаеме дека ќе не нападнат, но ќе се обидеме да им возвратиме. Не мислиме на проблемите со повреди, се носиме со она што имаме за да постигнеме добар резултат. Дресот на Реал Мадрид е нешто посебно. Ќе одиграме добар натпревар и ќе победиме. Концентрацијатаќ е биде клучна, ќе ни недостасува Карим Бензема, меѓутоа ќе мораме без него“, порача левиот бек кој оваа сезона во Ла Лига одигра 20 натпревари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…