После вчерашниот пораз од Аталанта од Наполи соопштија дека никој од нивниот клуб нема да дава изјави за медиуми во наредниот период.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Наполи не му оди баш најдобро, а вчера Аталанта ги надигра и ги победи со 4:2. Клубот по тој пораз одлучи Гатузо и фудбалерите да не даваат изјави за медиумите во наредниот период.
Низ италијанските медиуми се шпекулира дека Гатузо наскоро ќе добие отказ. Наполи освен што е далеку од борбата за Скудетото, сериозно во прашање го доведува и пласманот во Лигата на шампионите наредната сезона.