Дома Фудбал Англија Ако добие отказ во Тотенхем, Мурињо ќе го инкасира најголемото обештетување во историјата

Ако добие отказ во Тотенхем, Мурињо ќе го инкасира најголемото обештетување во историјата

Екипата на Тотенхем не игра според очекувањата во досегашниот дел од сезоната.

Спарси се девети во Премиер лигата, но за среќа на Мурињо и екипата, разликата помеѓу тимовите од врвот и останатите е многу мала и до крајот се може да се промени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, играта на Тотенхем ги загрижува навивачите на овој тим. Не се задоволни од работата на Мурињо, но за сега нема да превземат никаква акција.

Шефот на Спарси, Даниел Леви ќе го сочека крајот на сезоната и потоа ќе донесе одлука за продолжување на соработката со португалскиот тренер.

Ако евентуално му врачат отказ пред крајот на сезоната, Тотенхем на Мурињо мора да му исплати неверојатни 40 милиони фунти. Нешто помала е сумата ако замине на крајот од сезоната и во тој случај Специјалниот ќе добие 30 милиони.

Ова би била најголема исплата во историјата на ПЛ за отказ на еден менаџер. Моментално рекордер е Антонио Конте на кој Челси во 2018. година мораше да му исплати 26.2 милиони фунти.

Во врвот е и Мурињо кој истата година Манчестер Јунајтед му исплати 19.6 милиони фунти, а од Челси во 2007. година Специјалниот инкасира 18 милиони фунти на име обештетување.

Договорот на Мурињо со Тотенхем е со важност до летото 2023. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…