Македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргев во следните две години ќе биде дел од холандскиот прволигаш Твенте, пренесуваат тамошните медиуми.
Македонскиот младински но и сениорски репрезентативец по успешниот настап на европското првенство во Полска, одлучи да напушти швајцарски Грасхоперс и во следните две сезони ќе настапува како позајмен фудбалер во Твенте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова ќе биде прв пат Ѓорѓев да игра во некој друг тим, бидејќи тој од најмали категории го носеше дресот на Грасхоперс.
19-годишниот крилен напаѓач уште на стартот на летото најави промена на средината, бидејќи во Швајцарија немаше голема минутажа.
Видете го прекрасниот гол против Србија: