Поранешниот англиски шампион, а сега член на третиот ранг во англискиот фудбал, Сандерленд доби нов сопственик.
Нов сопствник на Сандерленд е 23 годишниот Кајрли Луис-Дрејфус кој стана најмладиот претседател на некој клуб во англискиот фудбал. Младиот Французин го превзема најголемиот пакет акции, додека досегашниот сопственик Стујарт Доналд ќе задржи помал дел од акциите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кајрли е син на порнаешниот сопственик на Марсеј Роберт Луис-Дрејфус кој почина во 2009 година.
Сандерленд е клуб кој шест пати беше англиски шампион, но последен пат во 1936 година, додека два пати го освојуваше ФА Купот, последниот во 1973. Од Премиер лигата испадна во 2017 година, а во овој момент е во Лига 1.