Дома Македонски спорт Италијанците откриваат: Работнички го добил посакуваниот милион за Станковски

Италијанците откриваат: Работнички го добил посакуваниот милион за Станковски

Пред неколку дена беше потврден трансферот на Лука Станковски во редовите на Монца.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Бисерот“ на Работнички ќе се пресели во редовите на тимот кој е предводен од Берлускони и Галијани. Вчера Џанлука Ди Марцио објави и дека Звонимир Бобан бил најзаслужен што Монца стигнала до потписот на Станковски пред другите конкуренти.

Висината на трансферот не беше објавена, но денес Италијанците пишуваат дека Работнички за Станковски ја добил посакуваната сума од еден милион евра.

Ова е само уште еден во низата мајсторски трансфери на Работнички кој скоро секоја сезона во последните години знае добро да продаде некој играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …