Дома Фудбал Фердинанд: Мбапе ќе седне на тронот на Меси и Роналдо

Фердинанд: Мбапе ќе седне на тронот на Меси и Роналдо

Легендата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал, Рио Фердинанд е сигурен дека Килијан Мбапе во моментов е најдобриот фудбалер во светот.

22-годишниот Французин синоќа постигна хет-трик против Барселона на „Камп Ноу“, а Фердинанд смета дека Мбапе ќе им го земе тронот на Меси и Роналдо.

„Луѓето забораваат дека тој има само 22 години. Тој веќе е неверојатен играч имајќи во предвид дека е светски шампион и се што прави во Лигата на шампиони. Во моментов Мбапе е сам на врвот и сите останати се зад него. Тоа момче може да седне на тронот на Меси и Роналдо“, сигурен е Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го мерка Еспозито, но до трансферот води двоен услов

Себастијано Еспозито е меѓу напаѓачките опции на Наполи за јануари, но неговиот статус меѓ…