Дома Топ вести Алаба го избра Реал Мадрид, познати детали од договорот

Алаба го избра Реал Мадрид, познати детали од договорот

Давид Алаба денес и официјално потврди дека на крајот од сезоната заминува од Баерн Минхен.

Алаба со Баерн освои се што можеше да се освои, а во Минхен пристигна уште пред 13 години. Но, на крајот на оваа сезона ќе го напушти Баерн како слободен играч бидејќи му истекува договорот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските и германските медиуми немаат дилеми дека Алаба кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Австриецот веќе постигнал договор со „кралскиот“ клуб, а откриени се и детали.

Имено, Алаба ќе потпише 4-годишен договор со Реал Мадрид и годишно на „Сантиаго Бернабеу“ ќе заработува 12 милиони евра.

Алаба имал пет конкретни понуди од други клубови, но донел одлука кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…