Манчестер Јунајтед очекуваше пенал против ВБА после дуелот помеѓу Семи Ајаји и Хари Мегваер, но тоа не се случи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Судијата Крег Паусон прво покажа на белата точка, но после прегледувањето на ВАР одлучи дека контактот не е доволен за најстрога казна.
Она што збуни многумина во тој момент е што Мегваер беше најблиску до голманот на ВБА, но ВАР воопшто не гледаше дали е офсајд зошто и го немаше.
Имено, во слуачеви кога напаѓачот е во офсајд и во таа ситуација е фаулиран пред да ја допре топката тогаш не е фаул.
„Кога играчот во офсајд позиција оди со намера да ја допре топката и е фаулиран пред да игра со топката се суди фаул затоа што се случил пред да се активира офсајдот (допирот со топката)“, гласи правилото на фудбалската асоцијација.
