Фернандо Торес остана без договор ова лето, но не остана долго без клуб.
Тој денес го продолжи договорот со „Јорганџиите“ чии бои ќе ги брани и следната сезона. Нема сомнеж дека популарниот „Ел Нињо“ би можел да добие и далеку подобар договор во Кина или САФ, но одлучи да остане во Мадрид, па уште еднаш ја покажа својата верност кон клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За потсетување, Атлетико е под забрана за трансфер се до зимскиот преоден рок, кој стартува во јануари, па така голем број на играчи одлучија да останат и да ја продолжат соработката со тимот од престолнината.
Пред Торес тоа го сторија и Антоан Гризман и Саул Нигез, кој ја продолжи соработката со тимот до 2026 година.
Торес кариерата ја започна токму во Атлетико, играше за „Јорганџиите“ шест години по што се пресели во Ливерпул, а подоцна настапуваше и за Челси и Милан, пред да замине на едногодишна минатото лето и да се врати во својот клуб.